-->
-->
Стартуваше традиционалната 46 -та по ред Илинденска едриличарска регата во Охрид
-->

Во организација на Едриличарскиот клуб “ Бофор”,Агенцијата за млади и спорт и Едриличарската федрација на Македонија денес на Охридското Езеро стартуваше традиционалната 46-та по ред илинденска едриличарска регата.
Регатата ќе се вози на потегот Горица 1 – Канео, со старт во 10 часот. Станува збор за државно првенство каде силите ќе си ги одмерат екипите на Охрид, Струга и Скопје. Тие ќе се натпреваруваат во класите оптимист, ласер 4,7 и вин сурф, едрење на даска.
Учесниците на тридневниот,46-ти по ред едрличарски куп,ќе се натпреваруваат во сите предвидени класи за овој спорт а најдобите ќе се закитат со”Златна Маска”.
Илинденската едриличарска регата е една од најмасовните спортски манифестации во Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
