Стартува 38. Охридски пливачки маратон

Шеснаесет пливачи, 10 во машка и шест во женска конкуренција точно во 10 часот од Свети Наум тргнаа на 25 километарската патека „Климе Савин“ во освојување на 38. Охридски пливачки маратон.
Стартот го означи градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Првите пливачи се очекува да пристигнат околу 16 часот на целта, на Градското пристаниште.
На годинашниот Охридски пливачки маратон покрај од Македонија, учествуваат и пливачи од Италија, Полска, Србија, Аргентина и Португалија.
Дваесет и пет километарската патека „Климе Савин“ ќе ја пливаат 10 маратонци и шест маратонки.
Во женска конкуренција ќе настапат пливачките: Елена Лионело - Италија, Росана Гошева - Македонија, Алисја Гедриш - Полска, Милица Љубисављевиќ - Србија, Ерика Абигал Јенсен - Аргентина, Мајте Ајлен Пука - Аргентина. Настапот на Охридскиот пливачки маратон, поради повреда го откажа пливачката од Турција Еда Сајин.
Во машка конкуренција ќе се натпреваруваат 10 пливачи од кои четворица се од Македонија - Александар Илиевски, Леонид Мишевски, Петар Цеков и Лазар Поп Трајков, потоа Акуилес Балаудо и Матиас Дијас Хернандес од Аргентина, Италијаните Федерико Тамборино, Марко Инглима и Матео Фурлан, како и Хуго Риберио од Португалија.
Организатор на маратонот е плувачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, а се одржува под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска - Давкова, Министерството за спорт, Пливачката асоцијација на Македонија и Општина Охрид.
Наградниот фонд, како што информира организаторот, изнесува 15.000 евра.
Охридскиот пливачки маратон и оваа година е дел од Фестивалот на спортови на вода (Ohrid Water Festival).
МИА
Ново на Сител
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
