Старецот Пасиј, монах од Света Гора: Русија ќе ја разори Турција, ќе го заземе и Истанбул...

Ова е содржината на пророштвото кое го кажа старецот Пасиј, монах од Света Гора. Тој и предвидел на Турција многу проблеми во блиска иднина. Тој не говори за руското учество во судирите во Сирија, но ја истакнува улогата на Русија во големите војни кои ќе го зафатат Блискиот исток. По тоа Русите во големата војна со западните сили сепак ќе бидат натерани да се повлечат назад, а Истанбул ќе го предадат.
-По сериозниот судир меѓу Грција и Турција голема и разорна војна ќе избие меѓу Русија и Турција. На почетокот, Турците ќе мислат дека победиле, а но Русите ќе се вклучат во борбата и на крајот всушност тие ќе победат, па потоа ќе го заземат Истанбул-Цариград кој ќе се најде во нивни раце. Но, на крајот од некоја причина сепак ќе мора да го предадат. Русија ќе ја нападне Турција од север, поради некакви свои причини, Тогаш ќе се вклучат и други европски земји: Англија, Франција, Италија и уште други шест-седум држави кои во овој дел имаат интерес и исто така претендираат на турски дел од земјата, вели Пасиј.
-Англија и САД ќе ни го вратат Истанбул, им порача старецот Пасиј на Грците.
-Црквата Аја Софија повторно ќе биде грчка по толку години.
Русија ќе ја продолжи војната и ќе се пробие се до Персискиот залив, но ќе биде сопрена од трупи во Ерусалим. Потоа западните сили ќе и речат на Русија да ги повлече своите трупи од тие подрачја, но таа нема да ги повлече, а потоа тие ќе почнат да се групираат со желба да ја нападнат Русија. Ќе има голема војна, глобална и Русите ќе бидат губитници, вели Пасиј.
Ново на Сител
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
