Македонија
24. August 2018 - 12:45

Старец падна од прозорец - лекарите констатирале тешки повреди

Маж на возраст од 81 година падна од прозорецот , констатирани тешки повреди.

Како што стои во билтенот на МВР, вчера  околу 04.40 часот е пријавено дека на улица "Крсте Асенов" има повредено лице. Излезено е на местото на настанот при што е констатирано дека се работи за лицето Ј.С.(81) кој кажал дека паднал сам од прозорецот.

Лицето е пренесено во Комплекс клиники "Мајка Тереза" каде му биле констатирани тешки телесни повреди.