Стапката на откривање на вирусот во Москва поголема отколку во Њујорк

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави денеска дека стапката на откривање на коронавирусот во Москва е повисока отколку во Њујорк.
– Ако го погледнеме билансот на новодијагностицирани инфекции во Њујорк и Москва за целиот период, веројатно веќе го надминавме Њујорк во однос на стапката на детекција, изјави тој за каналот Росија 24.
Собјанин уверува дека градските власти не ја кријат статистиката кога станува збор за стапката на откривање, посочувајќи дека е „направен систем за рано откривање на болеста“, пренесува ТАСС.
Во Москва денеска се потврдени 6.703 нови случаи, со што во руската престолнина се заразени вкупно 92.676 лица. Во просек, бројот на заразени лица на дневна основа во рускиот главен град расте за 7,8 проценти.
Со 11.231 нови случај на коронавирусот, петти ден по ред, Русија забележа најголемо дневно зголемување на новодијагностицирани, со што вкупниот број заразени достигна 177.000 лица.
Ново на Сител
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
-

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје
-

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана
-

Невреме и во Чешиново-Облешево, надлежните служби на терен ги санираат штетите
-

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал
-

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Македонија напаѓа четири злата: Велков, Смилевски, Велески и Бабоски денес во финале
-

Со надчовечки напори на пожарникарите изгаснат голем пожар над Дебар
