Стапи во сила новиот Закон за правосудниот испит

Со новиот Закон за правосудниот испит што почна да се применува од 1 јануари годинава се уредуваат условите и постапката за полагање на правосудниот испит.
Со новините, меѓу другото, се укинува електронскиот начин на полагање на испитот и се воведува писмено и усно полагање пред стручна комисија, врз основа на објективни мерила и критериуми за процена на знаењата на кандидатите.
Испитот се полага пред комисија составена од претседател и шест члена и нивни заменици именувани од министерот за правда од редот на професорите по право од акредитираните правни факултети во државата, судиите, јавните обвинители и адвокати, со решение со кое се определени предметите по кои тие испитуваат.
Испитот се полага заради проверка на стручната оспособеност на лицата кои имаат завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1, како и лицата кои студирале правни студии според Болоњската декларација и имаат 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) за самостојна примена на прописите во практиката и вршење на правни работи за кои со закон е предвиден тој услов.
Дипломираните правници на кои им е потребна пракса за стручно оспособување и за стекнување на услови за полагање на испитот истите можат да ја стекнат во судовите, јавните обвинителства, адвокатите, нотарите, извршителите, Државното правобранителство на Република Македонија и Народниот правобранител на Република Македонија.
Новото законско решение предвидува испитот да можат да го полагаат дипломирани правници кои работеле најмалку една година на правни работи во суд, јавно обвинителство, Државно правобранителство на Република Македонија, кај Народен правобранител на Република Македонија, адвокат, нотар или извршител.
Исто така испитот можат да го полагаат и дипломирани правници кои работеле најмалку две години на правни работи во други државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, трговски друштва и други правни лица.
Новото законско решение предвидува времето поминато на практика заради стручно оспособување во суд, јавно обвинителство, Државно правобранителство на Република Македонија, кај Народен правобранител на Република Македонија, адвокат, нотар или извршител, во согласност со закон, да се смета како време поминато на работа во тие органи.
Донесувањето на Закон за правосуден испит произлезе од потребата за реформа на судството, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратегиската цел на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО и потребата за остварување на преземените обврски за спроведување на ефикасни и континуирани реформи во судството базирани на европските стандарди.
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
