Свет
19. October 2015 - 18:54

Станекзај: Во болницата на Лекари без граници во Кундуз имало бунтовници

Вршителот на должност министер за одбрана на Авганистан, Мохамед Масум Станекзај изјави дека болницата во Кундуз, која беше бомбардирана од американските сили, била користена од бунтовниците.

- Талибанските бунтовници, а можеби и пакистанските шпиони ја користеле болницата на Лекари без граници во Кундуз како сигурно место, истакна Станекзај.

Болницата беше бомбардирана од американските авиони АЦ-130 на 3. октомврии, при што загинаа најмалку 22 луѓе, а голем број беа повредени.

Лекари без граници неколку пати демантираше дека во болницата имало талибански борци.

Станекзај наведе дека на ѕидот од болничкиот комплекс било поставено талибанско знаме.

- Авганистан нема да поддржи независна истрага на која инсистира Лекари без граници, посочи Станекзај.