Стана хит на социјалните мрежи поради своите раце
Еден 22-годишен Јапонец предизвика вистинска сензација меѓу корисниците на социјалните мрежи, откако објави видео за кое тврди дека прикажува човек кој има способност за телекинеза.
Јапонецот Исаму Фелипе Нагано тврди дека видеото го снимол во просторијата за пушење во шопинг центар во Јапонија, каде наводно еден маж ги презентирал своите неверојатни способности за „поместување на предмети со моќта на мислите“.
Нагано тврди дека сведоци на способноста на неименуваниот човек биле уште три лица присутни во просторијата.
- Без никаков сомнеж можам да ви потврдам дека „волшебниот човек“ успеа да подигне картонска чаша без допир и таа лебдеше. Побаравме да го повтори тоа и тој го стори истото со друг предмет, напиша Нагано под видеото.
Видеото набрзо стана хит на социјалните мрежи, иако се уште не е познато кој е идентитетот на „волшебниот човек“.
Сепак, некои од корисниците на социјалните мрежи сметаат дека станува збор само за уште еден илузионистчки трик.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци