Стаменковска – Стојковски: Директорката на Централен регистар да поднесе оставка
Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска – Стојковски денека побара неотповиклива оставка од директорката на Централен регистар Марија Бошковска – Јанковски поради, како што рече, непочитување на законите и вработување спротивно на закон.
Стаменковска – Стојковски тврди дека во Централен регистар незаконски се вработувале, како што рече, партиски послушници на сметка на професионалци и стручни кадри.
– Централниот регистар и директорката иако во целост го имаат усогласено Законот за Централен регистар и Правилникот за системазиција на работните места согласно Законот за административни службеници, согласно Законот за вработени во јавниот сектор, поднесуваат Годишен план за вработување, но не ја водат постапката согласно Законот за административни службеници. И непречено од надлежните инспекциски органи вработуваат како да се приватна компанија и партиска канцеларија, колку сакаат и како сакаат, изјави Стаменковска – Стојковски.
Државниот управен инспекторат, како што рече, иако е должен да спречи и да ги поништи ваквите незаконски огласи досега ја толерира оваа институција и функционерот кој раководи со неа.
Според Стаменковска – Стојкоски, годишниот план бил донесен незаконски, а незаконски бил објавен јавен оглас за вработување и вработување надвор од планираните во Годишниот план за вработување.
Освен прекршочна постапка, како што рече, постојат сериозни индиции за кривична одговорност и поради тоа со претставка ќе ги извести Државниот управен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот