Стабилно нивото на водата во акумулациите во Источниот регион
Хидролошката состојба во источниот регион е стабилна и нема опасности од прелевање на вештачките акумулации што би ги загрозило земјоделските површини со поплави.
Секојдневните мерења што ги вршат надлежните во водостопанство “Брегалница“ и со контролирано испуштање на водата се регулира нивото, со што ќе се амортизира очекуваниот зголемен доток во наредниот период.
– Браната Калиманци е со максимална кота од 515 метри надморска височина, а капацитетот во моментот е исполнет нешто повеќе од половината, односно акумулирани се 62 милиони кубни метри вода. Тоа е безбедно ниво при зголемен доток, односно ако има поголеми врнежи од дожд или ако дојде до нагло топење на снегот. Ја следиме ситуацијата секојдневно, комуницираме со надлежните институции, па ако дојде до поголеми количини вода, подготвени сме да ги акумулираме, истакна Дени Митров, директор на водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани.
Во акумулацијата Гратче дотокот на водата е нешто помал, но таа е на само еден метар под максималното ниво и во моментот во неа се акумулирани 1,7 милиони кубни метри.
И покрај ниските дневни температури, вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ ги продолжуваат започнатите активности за чистење и одржување на каналската мрежа за одводнување и наводнување на полињата во атарите на општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
-

Скопје во новогодишно светло
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-

Точката за разрешување на Коцевски утре пред пратениците
-

Власта ја поднесе својата резолуција против мигрантите и лажните вести на опозицијата
-

Апелација ја одбила жалбата на Љупчо Пецов 10 дена пред адвокатот Стафа да земе пари за поткуп на судија
-

Вечерва ќе светне новогодишната елка и ќе биде отворен божиќниот маркет на плоштадот Македонија
-

Трезорот работи, а буџетот е во одлична кондиција, вели министерката за финансии

