Стабилни односите Македонија - Русија, смета рускиот амбасадор Шчербак

Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва беше отворена изложбата на фотографии „Москва денес“, во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Руската Федерација.
Организатор на изложбата е Амбасадата на Руската Федерација во Македонија. Амбасадорот Олег Шчербак, кој е роден московјанин, изрази задоволство што може на прилепчани низ фотографии да им ја претстави современа Москва.
- Со 12 милиони жители Москва е еден од големите светски градови-престолнини. Во Москва се спојуваат најмодерните технолошко-архитектонски решенија со внимателен однос кон традицијата и наследството од минатото. Годишно Москва ја посетуваат околу 20 милиони туристи. Прилеп е познат по културните, уметничките и обраовните традиции, така и Москва. Ги поканувам жителите на Прилеп да ја посетат Москва во јуни и јули за време на Светското фудбалско првенство, рече амбасадорот Шчербак.
Тој на идната соработка меѓу Македонија и Руската Федерација рече дека гледа со голем оптимизам како на политички, стопански, трговски, така и на културен план.
- По 24-те години дипломатски односи меѓу двете земји, сега нашите односи имаат стабилен карактер. Има потенцијал за развој на односите во сите сфери: на политички, стопански, трговски план, во поглед на инвестициите, во културата и образованието. Многу е битно што нашите односи имаат цврски духовни и историски темели. Токму соработката ја зацврствува взаемната доверба, изјави амбасадорот Шчербак.
На изложбата на фотографии „Москва денес“ присуствуваа и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, како и голем број руски државјани кои живеат во Прилеп и во Македонија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
