ССНМ ја поздрави одлуката на Кривичен за лицето одговорно за напад врз екипа на „А1он“
Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) ја поздравува одлуката на скопскиот Кривичен суд со која му се одредува казна затвор од шест месеци на лицето, кое минатата година ја нападна новинарската екипа на „А1он“.
Новинарот и снимателот на „А1он“ лани на 28 февруари беа нападнати додека известуваа од протестот на движењето „За заедничка Македонија“. Снимателот заврши на скопскиот Ургентен центар,бидејќи имаше посериозна повреда на главата.
ССНМ верува дека оваа одлука ќе придонесе да се стави крај на се почестите напади врз новинарските екипи за коишто досега речиси и никој да не одговарал.
- Неказнивоста на овие напади беше и една од причините тие да се почести и новинарите и другите медиумски работници да станат лесна мета на насилниците. Ги охрабруваме полицијата, обвинителството и судот да ги разрешат и останатите случаи на напади врз новинарите што се случија во изминативе година, зашто само така ќе заштити новинарската професија која е еден од столбовите на модерните демократски општества, нагласува ССНМ.
Ново на Сител
-
Ново задолжување од 35 милиони евра
-
Приведена 23 годишна девојка од Кочани, натепала 69 годишна жена ѝ ја одзела чантата со пари
-
Продолжува дигитализацијата на општина Кисела Вода
-
Саборот ќе гласа за новата хрватска влада
-
Најмалку четворица загинати во невремето во Хјустон
-
СПМ: Владите на СДС со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба
-
Сообраќаен метеж и гужва кај „Веро Џамбо“ поради сообраќајка | ФОТО
-
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница