ССМ: Веднаш зголемување на платите од најмалку 2.800 денари заради растот на трошоците за живот
Иако сеуште не е ни исплатена мартовската плата на сите вработени согласно зголемувањето на минималната плата, Државниот завод за статистика пресметал и објавил дека трошоците на живот во март се зголемени за 8,8 проценти во споредба со март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари има зголемување за 1,6 проценти, а кај цените на мало за 1,5 проценти.
Од тука единствен начин е платите да го следат растот на трошоците за живот, а не да се дозволува
трошоците за живот вртоглаво да растат, а платите да не растатат и тоа само со изговор дека уште повеќе ќе пораснат трошоците за живот ( инфлацијата ).
Со право ССМ и гранските синдикати се гласни и бараат најмалку 2.800 денари веднаш зголемување на платите во приватниот и во јавниот сектор е потребно поради тоа што и синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ во месец март 2021 година изнесувала 33.772,00 денари, а во месец март 2022 година изнесува 36.768,00 денари или истата е зголемена за 3.046,00 денари, а платите во истиот период не се зголемени ниту еднаш. Само во 2022 година во јануари кошничката изнесувала 35.811, во февруари била поскапа за 335 денари односно изнесувала 36.164,00 денари, а во март била поскапа од февруари за 622 денари или изнесувала 36.786,00 денари.
Синдикалната минимална кошница која според ставовите на ССМ е пореален модел на пресметување на трошоците на живот само од јануари 2022 до март 2022 година пораснала за 957 денари.
Во изработката на кошницата се поаѓа од вредноста на потрошувачката кошница што ја изработува Државниот завод за статистика. Вредноста на статистичката кошница, која вклучува 63 производи.
Исхраната и пијалоците не се единствениот трошок за нормално функционирање на едно семејство.
Типот на претпоставеното домаќинство е четиричлено семејство, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил. Синдикалната минимална кошница вклучува седум групи:
1. исхрана и пијалоци
2. домување
3. хигиена
4. превоз
5. облека и обувки
6. култура
7. одржување и здравје.
СВЕТЛАНА ДИМОСКИ
СОРАБОТНИК ЗА ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИ ПРАШАЊА
СОЈУЗ НА СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА
Ново на Сител
-

Трамп ја поздрави одлуката на МОК за забрана на трансродови жени во женска конкуренција на ОИ
-

Советот на јавни обвинители не избра нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје
-

Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид
-

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда
-

Иран им забрани на спортските тимови патувања во „непријателски“ земји
-

Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село
-

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
-

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран
