ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите

Сојузот на синдикати денеска напладне ќе ја реализира втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. По блокирањето на влезовите на македонското Собрание во понеделникот, денеска ќе биде блокирана Стопанската комора во центарот на Скопје.
Блокадата на Комората е поради, како што велат од ССМ, тоа што работодавачите не сакаат да ги зголемат платите на работниците кои барајќи подобра егзистенција бегаат надвор од државава.
- Повторно ќе бидеме 21 претставник на Синдикатот, онолку колку што е потребно во согласност со законскиот минимум за да излеземе на улица и да блокираме. Пред Стопанската комора ќе блокираме газди што ги блокираат работниците 36 години. Газди што одбија до крајот на минатата година да ги зголемат работничките плати и да ја зголемат минималната плата, а кукаат дека квалификуваните работници заминуваат од Македонија и дека не може да ги задржат. Ќе блокираме газди што се исплашија од нападите на Владата и од политичките партии, изјави вчера претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, додавајќи дека секој може да се приклучи на блокадата.
Последна ќе биде блокирана Владата следниот вторник, по што од ССМ најавуваат уште еден протест и организирање на генерален штрајк ако сите овие активности не дадат резултат.
Од ССМ бараат зголемување на платите поради растот на животните трошоци и растот на синдикалната потрошувачка кошничка која во јануари е зголемена за околу 900 денари во однос на декември. Пресметките на ССМ покажуваат дека во јануари вредноста на синдикалната кошничка изнесувала 66.413 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати 81.788 денари.
Владата останува на ставот да се договорат синдикатите и работодавачите. Минималната плата законски треба да се зголеми во март кога се врши усогласување кое според пресметките треба да изнесува од 1.500 до 1.700 денари кои работниците ќе ги земат со априлската плата.
МИА
Ново на Сител
-

Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
-

Велика Британија ќе ги забрани социјалните мрежи за деца помлади од 16 години
-

Од следната недела значително намалување на цените на бензините - очекува Мицкоски
-

Мицкоски: Раст на индустријата од 7,5% во април, тоа е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее
-

Мицкоски за најавените преговори на ЕУ со Украина и Молдавија: Опозицијата во овие две земји не работи против своите граѓани и влади
-

Мицкоски: За две години имаме исплатено една милијарда денари повеќе субвенции отколку претходната за три години
-

Лани изградени 3 733 станови, со просечна површина од 75 метри квадратни
-

До крајот на неделава сончево, повремено со дожд и температура до 36 степени
