ССМ на 1 Мај ќе протестира пред Собранието и Владата барајќи линеарно зголемување на платите
Протестот што го организира Сојузот на синдикати на Македонија на 1 Мај ќе започне пред зградата на Синдикатот по што ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.
Од ССМ бараат линеарно зголемување на сите плати во јавниот и приватниот сектор од најмалку 2.806 денари во нето-износ.
– Потребни се похрабри, поинтензивни и побрзи реакции за надминување на проблемите, за зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ на сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за креирање нови визии и перспективи. Ја повикуваме Владата на поголема продуктивност и решителност во делувањето за зголемување на платите на работниците, се наведува во прогласот што денеска го објави ССМ.
Оттаму ги повикуваат сите работници и синдикати да се приклучат на протестот.
Одлуката да се организира синдикален протест на 1 Мај е донесена на највисоките тела на Синдикатот.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
