Српско МНР: Дачиќ оди во Стразбур за да се обиде да го спречи приемот на Косово во Советот на Европа
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ќе присуствува на денешната седница на Советот на Европа (СЕ), иако изјави дека нема да патува во Стразбур, поради најавата дека Косово ќе биде примено во таа институција, јави дописникот на МИА од Белград.
Од Министерството за надворешни работи за агенцијата Бета потврдија дека министерот Дачиќ ќе присуствува на денешната седница на Советот на Европа што ќе се одржи по повод 20-годишнината од приемот на Србија во Советот на Европа.
„Министерот Дачиќ во Стразбур ќе се обиде да ја запре процедурата за прием на Косово во Советот на Европа“, изјавија од МНР на Србија.
Шефот на српската дипломатија вчера изјави дека нема намера да оди во Стразбур во вторник, доколку Косово биде примено во таа институција еден ден подоцна.
Дачиќ рече дека десет години по потпишувањето на Бриселскиот договор се најавува дека Комитетот на министри на Советот на Европа ќе ја започне процедурата за прием на Косово во таа институција.
„Косово десет години не ги исполнува обврските од Бриселскиот договор и за тоа треба да биде наградено и на тој ден да ја започне процедурата за негов прием во Советот на Европа. Тоа е порака дека Косово може да прави што сака“, рече Дачиќ.
Косово аплицираше за членство во Советот на Европа на 12 мај минатата година.
Апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа прво ја разгледува Комитетот на министри, а по проценката на ситуацијата во Косово, последниот збор го дава Парламентарното собрание кое го сочинуваат национални претставници на земјите-членки.
За прием на Косово во Советот на Европа е потребно двотретинско мнозинство гласови.
Шефот на кабинетот на претседателката на Косово, Бљерим Веља изјави дека членството на Косово во Советот на Европа е во согласност со Бриселските договори од 2013 и 2023 година.
Тој прецизираше дека „членството на Косово во Советот на Европа е целосно во согласност со договорите од Брисел 2013, точка 14 и од Брисел 2023, точка 4“, довајќи дека ако Србија гласа против, тоа ќе значи кршење на договорот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
