Српските медиуми веќе втор ден информираат за исчезната Вања Ѓорчевска
Српските медиуми веќе втор ден ја информираат јавноста за исчезнатата Вања Ѓорчевска (14) од Скопје, наведувајќи ги потребните детали и фотографија за изчезнатото девојче, јави дописникот на МИА од Скопје.
Блиц, Ало, Телеграф, Нова, Курир, Мондо и други медиуми и портали, како и на социјалните мрежи во детали пренесуваат за исчезнатато девојче од Скопје, со сите потребни податоци, за возраста, личниот опис, начинот на кој изчезнала и соопшението на македонското МВР.
Се наведува и апелот на нејзините родители Зорица и Александар, секој кој има какви било информации да се обрати до најблиската полициска станица.
- Скопјанката Вања Горчевска (14) исчезна пред три дена, а во потрагата по девојчето по кое трага целиот регион сега се вклучи и Интерпол. Фотографиите на Вања се споделуваат на социјалните мрежи низ целиот регион. Информации за нејзиното исчезнување беа објавени и на платформата „Find Me“, која е дел од мрежата „Amber Alert“ во Европа, соопштија српските медиуми.
Ново на Сител
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите