Српските дипломати тргнаа назад кон Скопје, амбасадорката Типко кај Вучиќ

Дипломатите од Амбасадата на Србија во Македонија, кои во неделата беа повлечени на консултации во Белград, претпладнево тргнале назад кон Скопје, пренесе Танјуг.
Амбасадорката Душанка Дивјак Томиќ, како што најави претходно српското МНР, се враќа во Скопје на 31 август. Веднаш по пристигнуивањето се очекува таа биде примена од македонскиот премиер Зоран Заев.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, пак, денеска во Белград треба да ја прими македонската амбасадорка Вера Јовановска Типко.
Утре во Ниш средба ќе имаат министрите за надворешни работи на Македонија и на Србија, Никола Димитров и Ивица Дачиќ, на која, како што е најавено, „по пат на дијалог ќе почнат со решавање на отворените прашања со цел унапредување на пријателските односи меѓу двете држави и двата народа“.
Враќањето на персоналот во Амбасадата на Србија во Скопје и средбата на шефовите на дипломатиите на двете земји во Ниш, следува по вчерашниот телефонски разговар на македонскиот премиер Заев и српскиот претседател Вучиќ, во кој договориле Скопје и Белград да работат на зачувување и унапредување на билатералните односи, а секое евентуално несогласување да се решава исклучиво со дијалог. Заев и Вучиќ се согласија и дека без оглед на сите политички разлики за одредени важни политички регионални прашања, Македонија и Србија заеднички ќе се борат не само за зачувување, туку и за унапредување на пријателските односи меѓу македонскиот и српскиот народ и граѓаните на двете земји.
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
