Српскиот воен врв порачува дека нема да дозволи „никакви обиди за државен удар“
Српската војска нема да дозволи никакви обиди за државен удар и предупреди дека секој кој ова го најавува и го бара треба да одговара според законот, соопштено е денеска по заедничката седница на колегиумот на министерот за одбрана Александар Вулин и началникот на Генералштабот на српската Армија, Милан Мојсиловиќ.
– Српската војска им порачува на сите, и во земјата и во странство, дека не е и нема да биде средство за соборување на легалните и легитимните власти во Република Србија и насилното уривање на уставниот поредок, се наведува во соопштението.
Како што се истакнува, безбедносните предизвици предизвикани од воведувањето такси и формирањето на паравоени единици во Косово, наметнуваат српските вооружени сили со внимание да го следат секој настан кој може да предизвика немир меѓу косовските Срби.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба