Српски медиуми: Додека во Србија со месеци се чека, во Македонија веднаш се реагира и се апси
Српските медиуми денеска известуваат за трагедијата што го погоди Кочани, и ја нагласуваат брзата реакција на македонските власти.
Како резултат на несреќата, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка. Оваа оставка, како што истакнуваат српските медиуми, е редок пример во регионот, каде што функционерите ретко преземаат лична одговорност за вакви настани.
- Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка по трагедијата во тој град, кога во пожарот во дискотеката загинаа 59 лица, а повеќе од 150 беа повредени. Папазов ја образложи својата оставка на социјалните мрежи и наведе дека многу од нив ги познавал, а родителите на некои од насрoдалите беа негови семејни пријатели. Тој побара од сите надлежни да ја испитаат одговорноста на сите кои имаа врска со трагедијата. Го повика обвинителството да испита и да постапи во согласност со законот, доколку постои било каков основ за неговата одговорност, известува медиумот Н1.
Српските медиуми исто така нагласуваат дека македонските институциите не дозволија трагедијата да помине несанкционирано. Судот во Кочани веднаш постапи по барањето на обвинителството, одредувајќи притвор за неколку лица.
- Судот во Кочани го прифати барањето на обвинителството да се упатат Бектеши, со уште седум осомничени, на „краткотраен притвор“, додека се чека да се утврди во кој затвор ќе бидат упатени. Поранешниот директор на Управата за заштита и спасување, Беким Максути, исто така беше задржан до 48 часа. Приведени се и неколку лица кои беа обезбедување во дискотеката и бараат нивно ослободување, објавува медиумот Н1.
Српските медиуми нагласуваат дека чекорите преземени од македонските институции не само што ја сфаќаат сериозноста на настанот, туку и дејствуваат во согласност со принципите на владеење на правото и одговорноста.
Владата во Македонија веднаш изрази сочувство до семејствата на жртвите и најави темелна истрага за утврдување на сите околности на несреќата. Оваа транспарентност и институционална ефикасност претставуваат пример за тоа како една држава треба да реагира во вакви критични моменти.
За разлика од други земји во регионот, каде што често нема оставки или санкции по слични трагедии, Македонија покажа дека одговорноста и правдата се приоритет.
Ново на Сител
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25