-->
-->
Српски курир: Албанската мафија испрала една и пол милијарда евра во Србија
-->
Белградскиот весник „Курир“ пишува денеска дека албанската мафија само во изминатите десет години испрала повеќе од една и пол милијарда евра на црниот пазар на недвижности во Србија.Според соговорниците на весникот, албанската мафија на тој начин „станала можеби и најголемиот играч во разработената шема на перење пари стекнати во криминал – главно преку трговија на дрога и оружје“.
Поранешниот директор на белградската полиција Марко Ницовиќ изјави за „Курир“ дека албанските мафијаши купувајќи градежни земјишта, градејќи згради и купувајќи недвижности, во Србија годишно испрале меѓу 80 и 100 милиони евра, „и тоа преку т.н. српски бизнисмени“.
– Во тие трансакции, по правило, никогаш не се појавува Албанец, туку тоа се врши преку некој, да речеме, Петар Петровиќ од Минхен, кој за одреден процент служи како фасада. Посебно на мета им биле југот и југоистокот на Србија, тврди Ницовиќ.
Тој додава дека албанските наркокланови истиот шаблон го користат и за освојување недвижности во јадранскиот регион на Хрватска и Црна Гора, како и во БиХ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
