Балкан
15. August 2022 - 16:34

Српски автобус излета од автопат во Бугарија - има повредени, нема жртви

Дванаесет лица од кои осум деца се повредени во сообраќајната несреќа која синоќа се случи во Бугарија. Автобус со српски регистарски таблички кој превезувал членови на фолклорен ансамбл, се превртел на автопатот Тракија. Според првичните информации на истрагата, причината за несреќата била човечка грешка.

Според сведоштвата на една од патничките во автобусот, на возачот му се одвлекло вниманието и ненадејно свртел десно и излетал од патот.

Во автобусот се превезувале 48 лица. По целосното закрепнување сите патници безбедно ќе бидат транспортирани во Србија.