Српската и хрватската полиција уапсија 17 лица за криумчарење мигранти кон ЕУ
Српската и хрватската полиција, во заедничка акција, уапсија 17 лица осомничени за шверц на десетици мигранти кон земјите на Европската унија, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Министерството прецизира дека групата била уапсена во Белград и четири други градови во северна Србија. Меѓу нив биле 12 српски државјани и еден Авганистанец. Полицијата во Хрватска, како што се наведува во соопштението, уапси четворица осомничени.
- Постои сомнеж дека криминалната крупа помогнала за нелегален премин на границата и транспорт на вкупно 82 мигранта од Авганистан, Иран и Ирак, од кои се земани по 1.500 евра за човек, се додава во соопштението.
Според официјални податоци, околу 4.500 мигранти се сместени во државни кампови во Србија.
Организации за заштита на човековите права информираат дека стотици други мигранти се наоѓаат во Белград и други градови околу границата со Хрватска.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот