Среќен крај за 3 волкчиња
Среќата не може да се опише кога ќе се спаси живот, особено кога исходот на постапките е неизвесен до самиот крај и не зависи само од нас. Уште повеќе затоа што станува збор за животот на диви животни, кои во Македонија се третираат како закана, опасност, нешто што смее /се поттикнува да се убие.
Среќни сме да ве информираме за спас на три младенчиња волци и јавно се заблагодаруваме на Државниот инспекторат за ловство - орган кој без исклучок , секогаш професионално и навремено постапува по наши пријави; пред сè благодарност до инспекторите Зоран Вуиќ, Петар Џима и Ромео Саздановски како и на граѓаните кои ни го пријавија овој случај, давајќи ни доволен број конкретни информации за да може да постапиме. Потврдуваме дека волчињата се на сигурно.
Волкот е богатство на нашите шуми и планини, совршенство на природата, интелигентно, храбро, верно животно кое гради силни социјални врски (живот го минува најчесто во моногамна врска со еден партнер, се грижи и до две години за своите младенчиња) и не е никаков штетник! Бараме итно да се укине таквиот срамен статус кој го има во Македонија, со кој како вид го доведовме до раб на истребување.
Штетници не се волците туку оние кои ги гонат, деградираат нивните живеалишта, им упаѓаат во животната и природна територија наоружани до заби и кои ги убиваат или одземаат нивните младенчиња од забава и за профит.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Девет години од настаните од „Диво Насеље“
-
Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова
-
Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски
-
Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите