Средното техничко училиште во Гостивар доби 60.000 евра за унапредување на практичната настава

Средното техничко училиште во Гостивар со три проекти ќе ја унапредува наставата и условите за практична настава со грантови во вредност од 60 илјади евра. Средствата се обезбедени од Министерството за образование и наука и од компанијата ЕВН.
Едниот проект предвидува изработка на производи од метал кои на пазарот ќе се продаваат преку реална компанија за што се добиени 30 илјади евра.
- Со овој грант средношколците од машинските струки ќе учат преку работа во самото училиште. Предвидено е отворање на реална компанијата која ќе се вика Мегаметал 2018 и ќе произведува предмети од метал како корпи за отпад, украси, клупи, огради, и други работи од материјали кои може да се рециклираат. Кабинетот на компанијата ќе биде опремен со најсовремена технологија CNC машини за обработка на метали, вели професорот Екрем Мифтари, координатор на проектите.
Со останатите два проекта, учениците ќе работат на усовршување на таканаречените „меки вештини" за работа со клиенти, маркетингот и односот кон пазарот на труд. Во соработка со ЕВН Македонија, училиштетото ќе добие опрема за кабинетот во кој знаење стекнуваат средношколците од електромонтерска и инсталатерска струка.
Директорот на училиштето Ибраим Асани искажа задоволство од сработеното и нагласи дека со овие грантови ќе се подигне нивото на практична настава како за учениците така и за наставниците, а очекува и финасиски придобивки за училиштето.
Ново на Сител
-

116 години од раѓањето на Мајка Тереза
-

Доцна синоќа изгаснат пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско
-

Песков: Директорот на ЦИА не се сретна со Путин
-

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матична комисија во Собранието
-

Вкупно 23 лица спасени откако по три часа беа заглавени на рингишпил во Хамбург
-

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во болница во Пакистан
-

За седум месеци во Албанија престојувале над 7 милиони странски туристи
-

Сончево и топло до 37 степени
