Средношколски натпревар за креации со реупотреба на материјали
Здружението на граѓани ОХО денеска во Младинскиот културен центар ќе организира шести натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали „Trash Fashion Macedonia“.
Натпреварот е наменет за средните училишта што се вклучени во Програмата „Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем“ која ОХО ја спроведува во соработка со Министерството за образование и наука.
- „Trash Fashion Macedonia“ е единствен настан од ваков вид во Македонија, чија цел е на иновативен начин да ги поттикне средношколците да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку неговата реупотреба, информира ОХО.
На шестиот натпревар учениците првпат своите креации ги работат на тема „Филмски и цртани ликови“ со можност да се претстават со настап од најмногу 60 секунди.
На натпреварот, со кој ќе биде одбележан Светскиот ден на животната средина, ќе учествуваат тимови од 38 средни училишта во Македонија кои веќе четири месеци минуваат низ процесот на собирање, рециклирање и изработка на своите оригинални модни дизајни.
Тие ќе се натпреваруваат за прво, второ и трето место, за кои ќе одлучува тричлено жири во состав: Бранислава Јанковска (Fashion Lover), манекенката Катарина Ивановска и Бојан Трајковски, фронтмен на Eye Cue.
За време на гласањето ќе настапат ученици од музичкото училиште Music House и членовите на Центарот за модерни и спортски танци Прима Данца.
Ново на Сител
-
Хамнеи: Израел заслужено е казнет
-
Трамвај излета од шините и удри во пицерија во Шведска, повредени седум лица
-
Приведено 43-годишно лице кое возело со 2,06 промили алкохол во крвта
-
Брачен пар прегазен на тротоар во Охрид, жената почина
-
Песков: Ситуацијата на Блискиот Исток е опасна за целиот свет
-
Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски
-
Зеленски: Руското застапување за Иран покажува потреба од построги санкции