Средношколка од Боговиње се повредила при пад од автобус

Седумнаесетгодишна средношколка од Боговиње се здобила со тешка повреда на главата и во неконтактибилна состојба итно била пренесена на скопските клиники откако вчера околу 14 часот паднала од автобус во близина на бензинската пумпа во Долно Палчиште, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
- Според првичните сознанија од извршениот увид девојката се превезувало со автобус на „Башким турс“ што го управувал И.А.(49) од Теново. Според неговиот исказ даден во полиција откако самиот се јавил во полициското одделение Камењане околу 14 часот девојката наводно се обидела што побрзо да слезе од автобусот зашто и испаднал мобилниот телефон и како што изјавил возачот слегувајќи се сопнала и паднала на тротоарот. Веднаш застанало друго возило кое се движело зад автобусот со кое тешко повредената девојка била пренесено на хирушкото одделение во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош во неконтактибилна состојба итно била однесена на клиниките во Скопје, истакна Јосифовски.
Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости околу овој случај-како и зошто паднало и се повредило 17-годишното девојче од Боговиње.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
