Средношколците присуствуваа на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести

Утрово, на состанокот на Комисијата за заразни болести, присуствуваа и претставници од Сојузот на средношколци. На редовната координација, од страна на претставниците на комисијата им беа презентирани извештаите со деталната состојба од ковид-19 во Република Македонија.
На состанокот, претставниците на Сојузот на средношколците ги претставија барањата на учениците, од најголем дел се веќе во планот на Комисијата за заразни болести за почеток на учебната година. Она што беше пред сѐ предмет на дискусија е периодот на имплементација на одредени протоколи, за кои Комисијата инсистира да бидат имплементирани етапно, согласно епдидемиолошката состојба во земјата.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче пред средношколците го објаснуваше процесот на воведување и попуштање на рестриктивните мерки согласно епидемиолошката состојба. Тој информираше дека сите мерки за превенција донесени врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата во интерес на заштитата на здравјето на децата и родителите.
На состанокот двете страни се заложија да продолжат со интензивна комуникација, со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести се заинтересирани за соработка со сите чинителии, заедничката комуникација продолжува и понатаму.

Ново на Сител
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
-

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина
-

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево продолжува со работа на најсложениот дел
-

Се одложи стартот на судењето за екс вицепремиерот Груби, адвокатите побараа увид во доказите
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
