Македонија
30. July 2015 - 18:23

Средношколци од Куманово стажираат во пет европски држави во рамки на „Прво работно искуство за доживотен успех”

 

Седум млади лица од три средни училишта во Куманово стажираат во различни организации, институции и установи во пет европски држави во рамки на проектот  „Прво работно искуство за доживотен успех”, кој го спроведува Центарот за меѓукултурен дијалог (ЦИД).
 
Целта на овој проект е младите да се стекнат со работно искуство во друга држава, да го усовршат знаењето на странски јазик и стекнатото искуство од работното ангажирање да  го пренесат во Македонија. Тројца од младите се во Белгија, а останатите стажираат во Словенија, Португалија, Грција и Турција.
 
- Стажирањето на средношколците привршува.Тие имаат можност да се стекнат со нови знаења и вештини,но истовремено да научат како да се однесуваат во работна средина во европските држави.Мобилноста на младите,работењето во друга европска држава ги мотивира да станат кретивни и порешителни при донесување одлуки, и се разбира да донесат нови идеи во Куманово, изјави Стефан Манивески од ЦИД.
 
ЦИД го спроведува проектот  во рамки на програмата Еразмус Плус на Европската Унија.
 
- Младите имаат можност да учествуваат  на различни обуки, да запознаат различни европски институции и организации, изјави Маневски.
 
Програмата Еразмус Плус во Македонија ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и е финансиран од потпрограмата за стручно образование. ам/цр/15:26