-->
-->
Средношколци од Куманово стажираат во пет европски држави во рамки на „Прво работно искуство за доживотен успех”
-->

Седум млади лица од три средни училишта во Куманово стажираат во различни организации, институции и установи во пет европски држави во рамки на проектот „Прво работно искуство за доживотен успех”, кој го спроведува Центарот за меѓукултурен дијалог (ЦИД).
Целта на овој проект е младите да се стекнат со работно искуство во друга држава, да го усовршат знаењето на странски јазик и стекнатото искуство од работното ангажирање да го пренесат во Македонија. Тројца од младите се во Белгија, а останатите стажираат во Словенија, Португалија, Грција и Турција.
- Стажирањето на средношколците привршува.Тие имаат можност да се стекнат со нови знаења и вештини,но истовремено да научат како да се однесуваат во работна средина во европските држави.Мобилноста на младите,работењето во друга европска држава ги мотивира да станат кретивни и порешителни при донесување одлуки, и се разбира да донесат нови идеи во Куманово, изјави Стефан Манивески од ЦИД.
ЦИД го спроведува проектот во рамки на програмата Еразмус Плус на Европската Унија.
- Младите имаат можност да учествуваат на различни обуки, да запознаат различни европски институции и организации, изјави Маневски.
Програмата Еразмус Плус во Македонија ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и е финансиран од потпрограмата за стручно образование. ам/цр/15:26
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
