Средба Заев-Мускат:Се создаваат услови за интензивирање на соработката помеѓу Македонија и Малта

Претседателот на Владата на Република Македнија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Њујорк се сретна со Џозеф Мускат, премиерот на Република Малта.
Премиерот на Малта, Мускат, како што соопшти владината служба за информирање, ја поздравил иницијативата од Македонија за договор околу олеснувања меѓу двете земји, во делот на двојното оданочување, како важен чекор во развојот на економската соработка.
- Премиерот Заев упати покана за инвестирање во Македонија и претстави некои од економските мерки што ги спроведува Владата за да ги заинтересира домашните и странските инвеститори. Премиерот на Малта, Мускат, се интересираше за областите во коишто Македонија има најголема потреба од инвестиции, соопши Владата.
На средбата, како што се додава во соопштението, се разговарало за интензивирање на односите помеѓу двете држави на неколку полиња, меѓу коишто посебен фокус бил ставен на унапредување на соработката во областа на здравството и енергетиката.
За таа цел премиерот на Малта, Мускат, упатил покана за министерска посета од Владата на Република Македонија во Република Малта, со цел да се разменат искуства во овие области и да се разгледаат начините на соработка.
- Определени сме за евро-атлантска иднина на државата и сите мерки и реформи ги насочивме кон обезбедување квалитетен живот за граѓаните, низ интензивирање на регионалната и добрососедската соработка, како и развој на пријателските односи со земјите членки на ЕУ и НАТО. Оттука со право очекуваме скорешна покана за НАТО и тргање на условеноста на препораката за членство во ЕУ, што ќе придонесе дополнително кон стабилна економска клима, на што и сега работи Владата, рекол премиерот Заев на средбата со неговиот колега од Малта, Мускат.
Ново на Сител
-

Од 14 до 16 март Кочани ќе ја одбележи првата годишнина од трагичниот пожар во „Пулс“
-

Трамп: Не знам доволно за нападот врз училиштето во Иран, истрагата е во тек
-

Претрес на поранешниот ранч на Џефри Епстин во Ново Мексико
-

Македонија со 17 кикбоксери на Светскиот куп во Италија – над 2400 борци од 46 држави
-

Перез донесе одлука за нов тренер на „кралскиот клуб“
-

Младиот тенисер Алексовски со победничкиот пехар во Солун
-

Алушовски: Барселона во фокусот, а Вардар во мислите
-

Уапсен гевгеличанец, возел со 2,35 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
