Средба Путин-Ердоган: Руско-турските односи се целосно обновени

Односите меѓу Москва и Анкара можат да се сметаат за целосно обновени, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган во Сочи.
Рускиот претседател истакна дека Москва и Анкара ја продолжуваат блиската соработка на рeчиси сите полиња, вклучувајќи ја и безбедносната сфера и напорите за решавање на сириската криза.
Путин наведе и дека билатерална трговска размена се зголемила за 38 отсто во првите девет месеци од годинава.
Ердоган на состанокот со Путин рече дека со почетокот на нормализацијата на односите меѓу двете земји, честите состаноци на лидерите дале поттик за билатералните односи.
- Нашите билатерални односи, како и соработката во решавањето на регионалните прашања, ни даваат можност заедно да гледаме во иднината, истакна турскиот претседател.
Според него, турско-руската политичка, воена, трговска и културна соработка, се зајакнуваат од ден во ден.
Ердоган исто така го информира Путин за своите планови по Сочи да ги посети Кувајт и Катар.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој е во составот на турската делегација што се наоѓа во посета на Сочи, изјави дека Русија и Турција бараат политичко решение за сирискиот конфликт.
- Имаме регионални проблеми, за кои Турција и Русија треба да работат заедно. Сирија е еден од нив. Имаме серија постигнувања во преговорите во Астана, сега посветуваме повеќе внимание на барањето политички решенија за конфликтот во Сирија. Взаемната соработка на Русија и Турција е неопходна за воспоставување на стабилност и безбедност во Сирија. Нашите лидери и делегации работат на тоа, изјави Чавушоглу по средбата.
Тој исто така ја коментираше и изјавата на турскиот претседател дека Русија и САД треба да ги повлечат војските од Сирија. - Претседателот Ердоган само потсети дека и САД и Русија имаат војници таму. Ако не е неопходна воена операција, тоа зависи само од нив. Тоа е едноставно коментар на политичкото решение, рече Чавушоглу.
- Додека не постигнеме политичко решение во Сирија, не можеме да бидеме сигурни дека терористичките организации се победени, затоа што земјата ќе стане плодна почва за радикализирање на терористички организации, истакна шефот на турската дипломатија.
Ново на Сител
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
-

Доналд Трамп: Постои „добра шанса“ за нуклеарен договор со Иран по одложувањето на нападот
-

Во Собранието ќе заседаваат осум комисии
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
