Средба Поповски-Жбогар

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски денеска се сретна со еврамбасадорот Самуел Жбогар.
На средбата, како што соопшти владината прес служба, се разговарало за неопходните медиумски реформи кои се меѓу приоритетите во реформскиот акциски План 3 – 6 – 9 на Владата.
- Нашата цел е да овозможиме професионално работење на јавниот сервис, МРТВ, медиумите и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, затоа што граѓаните имаат право на објективни, навремени и точни информации, рекол министерот Поповски.
Министерот Поповски нагласил дека за новиот Закон за медиумите Владата отворила широка дебата којашто, како што се наведува, ги опфаќа сите засегнати страни, како и општествената јавност, а се земаат предвид и европските искуства.
На средбата била поздравена одлучноста на Владата за транспарентно и отчетно работење на владините и државните институции, како европска демократска вредност и во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
