Средба Османи – Касулидес во Њујорк

На маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со шефот на дипломатијата на Република Кипар, Јанис Касулидес, на која разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави.
![]()
-Се разговараше и за начините како да се зајакне соработката, по долги години на многу скромна размена, за што постои подготвеност и јасно изразен интерес. Во однос на евроатлантските интеграции, изразувајќи задоволство од одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската Унија, министерот Касулидес ја реафирмира целосната поддршка на Кипар за политиката на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, и како силен поддржувач, Кипар ќе продолжи да биде силен промотор во понатамошната интеграција и продолжувањето на формалните пристапни преговори за членство со ЕУ, соопшти Министерството за надворешни работи.
Двајцата министри разговараа и за енергетските и пошироки економски последици врз европскиот континент, како рефлексија на војната во Украина.
Ново на Сител
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
