Средба на Срѓан Керим со претседателот на Сенегал

Кандидатот на Република Македонија за функцијата Генерален секретар на ООН Срѓан Керим се сретна со претседателот на Сенегал Маки Сал.
На средбата биле разменети мислења за клучните прашања од агендата на Обединетите Нации, како што се целите на одржливиот развој, безбедносната архитектура, човековите права, а посебно внимание било посветено на приоритетите на Африка како од развојна така и од безбедносна гледна точка.
Претседателот на Сенегал виско ја оценил програмата на Керим, истакнувајќи дека таа целосно соодествува со нивните гледања и Африканските приоритети во агендата на Обединетите Нации. Сенегал ќе го почитува принципот на регионална ротација како и заложбата да биде избран најдобриот кандидат.
Керим по посетата на Сенегал, ги продолжува консултациите со земјите членки на Советот за Безбедност во Каиро, соопшти неговиот кабинет.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода скопјанец, пронајден кокаин
-

Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер
-

Бела куќа: Од јануари собрани „235 милијарди долари од царини“
-

Руски генерал загина во напад со автомобил-бомба во Москва
-

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди треви
-

Најстудено во Берово и Виница
-

Американец со потекло од Нигерија нападнал полицаец во Градски парк, носел пиштол и големо количество муниција
-

Седница на Советот на јавни обвинители, на дневен ред назначувањето вршител на должност на местото на Коцевски
