-->
-->
Средба на Шекеринска со британскиот министер за Европа и Америка, сер Алан Данкан
-->
- Работиме на суштински внатрешни реформи како и на подобрување на односите со соседите. Тоа се сложени процеси, кои бараат политичка волја, време, но и постојана поддршка од нашите сојузници, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со министерот за Европа и Америка, сер Алан Данкан, во рамки на нејзината посета на Велика Британија.Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата во Министерството за надворешни работи и Kомонвелт, со Данкан, кој важи за добар познавач на состојбите во Македонија, министерката се заблагодари за континуираната британска поддршка во имплементацијата на реформските евро-атлантски процеси.
Министерот Данкан, се посочува, истакна дека Велика Британија продолжува да ја поддржува Република Македонија во нејзината интеграција во НАТО и Европската Унијана,. Тој напомнал дека Самитот за Западен Балкан што ќе се одржи во 2018 во Обединетото Кралство претставува одлична можност да се покаже напредокот на Македонија во повеќе области. Додаде дека е свесен дека сите промени не можат да се случат одеднаш, но важно е да постои континуиран и одржлив напредок, стои во соопштението на Министерството за одбрана
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
