Средба на шефовите на дипломатиите од ЕУ, тема и Западен Балкан
– Министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за односите со Западен Балкан, во контекст на средбата помеѓу високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и лидерите од регионот во ОН.
Според српската агенција Бета тие „ќе разговараат и за ситуацијата во северно Косово“, се наведува во подготвителната документ од седницата. Според извори на Советот на министри на ЕУ во Брисел, Борел треба да ги информира министрите за надворешни работи од Унијата за ситуацијата на Западен Балкан и пораките што ги добил од лидерите на регионот, вклучувајќи го и неодамнешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Словенија.
Во Европската унија, според европските дипломатски извори, неодамнешната акција на косовската полиција и конфликтот со српските цивили на север предизвика сериозна загриженост, па високиот претставник Борел изјави дека „насилните инциденти во северно Косово мора веднаш да престанат … бидејќи тие се неприфатливи, еднострани и некоординирани потези што ја загрозуваат стабилноста “.
Во Њујорк, Борел доби потврда од американскиот државен секретар Ентони Бликен за позицијата на ЕУ дека сите спорови мора да се решат преку дијалогот Белград-Приштина и дека САД го поддржуваат проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.
Шефовите на дипломатиите ќе разговараат и за актуелните состојби во Унијата, Заливот, Етипоија и Никарагва.
Ново на Сител
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-

„Алкалоид” АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија – во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно
-

„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – показна вежба на МВР за превенција од употреба на петарди
-

Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
-

ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
-

Скопје меѓу најзагадените градoви
