Средба на претседателот Пендаровски со унгарскиот амбасадор Дукс
Билатералните односи, актуелните состојби во регионот и аспирациите на земјава за членство во ЕУ и НАТО, беа темите на кои денеска разговараа претседателот Стево Пендаровски и амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс.
Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, на средбата истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени поддршката од Унгарија за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија и поддршката за членство во НАТО. Во тој контекст, изрази задоволство од ратификацијата на протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО од страна на Националното собрание на Унгарија.
Амбасадорот Дукс на претседателот Пендаровски му упати честитки по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро