Средба на претседателот Иванов со францускиот амбасадор Тимоние

Претседателот Иванов ја посети Француската алијанса во Битола и оствари средба со амбасадорот Тимоние Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во Битола, оствари работна средба со Кристиан Тимоние, амбасадор на Француската Република во Република Македонија и ја посети Француската алијанса во Битола. Оваа посета и средба се реализираат во пресрет на учеството на претседателот Иванов на 16. Самит на Франкофонијата, кој ќе се одржи на 26-27 ноември во Мадагаскар.
Република Македонија е полноправен член на Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006 година, а учеството на претседателот Иванов на 16. Самит на Франкофонијата ќе биде прво учество на Република Македонија на ниво на Претседател, од стапувањето во полноправно членство во Организацијата.
Па средбата, францускиот амбасадор Тимоние изјави дека имал огромна чест да го придружува претседателот на Република Македонија на посетата на Француската алијанса во Битола и ја поздрави одлуката на претседателот Иванов за учество Самитот на Франкофонијата.
„Претседателот на Република Македонија искажа посебен интерес кон францускиот јазик по повод неговото претстојно учество на Самитот на франкофонијата којшто ќе се одржи во Мадагаскар во присуство на многу шефови на држави и на влади и со оваа денешна активност искажа поддршка кон изучувањето на францускиот јазик во Македонија“, рече амбасадорот Тимоние.
Тој додаде дека отвореноста кон изучување на францускиот јазик претставува вистински пасош кон Европската унија, но исто така и кон целиот свет.
„Многу е важно Македонија да си го најде своето место во сите меѓународни инстанци, а Македонија е полноправна членка со 57 други земји во меѓународната организација на франкофонијата. Франција сака да и помогне на Македонија да се слушне и македонскиот глас“, изјави амбасадорот Тимоние.
На средбата беа разменети мислења и за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, при што беше изразено задоволство од позитивната динамика во нивниот развој.
Претседателот Иванов и амбасадорот Тимоние разменија мислења и информации за актуелните состојби во Република Македонија на политички и економски план, за состојбите во регионот од аспект на мигрантската криза и безбедносните предизвици.
Во однос на европската и евроатланската перспектива на Република Македонија, претседателот Иванов изрази надеж дека Франција ќе помогне за исчекор во интеграцијата во ЕУ и во НАТО.
Македонскиот претседател порача дека предвремените парламентарни избори во земјата, за кои изрази очекување дека ќе поминат во најдобар ред, нема да доведат до одржлива политичка стабилност без деблокада на евроинтеграциите. Претседателот Иванов го поздрави ангажманот на Франција во Брдо-Бриони процесот и изрази задоволство од успехот на Самитот во Париз, посветен на Балканот.
Ново на Сител
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
-

МЗ: Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки
