Средба на началникот на ГШ на АРМ Котески со бригадниот генерал Хол

Началникот на ГШ на АРМ, генерал – потполковник Котески Горанчо денеска остварил средба со заменик – началникот на секцијата за планирање, политика и партнерство на командата на САД за Европа, бригадниот генерал Вилијам Хол.
На средбата, која е дел од посетата на заменик-помошникот за одбрана на САД, д-р Евелин Фаркаш на Република Македонија, соопшти денеска ГШ на АРМ, генералите Котески и Хол разговарале за меѓу армиската соработка и за унапредување на соработката помеѓу командата на САД за Европа и АРМ. Во разговорите особено значење им било посветено на обуката, вежбите и опремувањето на АРМ.
За време на посетата, на генералот Хол му биле презентирани процесот на трансформација на АРМ и членството кон НАТО, како и учеството на АРМ во меѓународни мисии. Посебен акцент беше даден на идните чекори на трансформација на армијата и начинот на подготовка и оценување на декларираните единици. Во оваа прилика беше искажанo дека со помош на имплементацијата на партнерските цели, АРМ ја унапреди интероперабилноста со НАТО и рамноправно учествува во НАТО предводени операции.
Генералот Хол ја поздравил и се заблагодарил на поддршката на АРМ која ја дава за НАТО во меѓународните мировни мисии, особено на силите ангажирани во Авганистан.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
