Средба на министерот Кучи со директорот на Енергетската заедница Јанез Копач

Министерот за економија Дритон Кучи денеска оствари прва средба со директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Јанез Копач.
Двајцата соговорници, како што соопшти Кабинетот на министерот, разговарале за реформите што произлегуваат од Договорот за основање на Енергетската заедница, при што бил претставен напредокот на секоја земја-членка, вклучувајќи ја и Република Македонија.
Министерот Кучи ги презентирал преземените чекори кои се дел од реформите во енергетскиот сектор во Македонија, како и активностите за усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ.
Двете страни, како што се наведува во соопштението, изразиле подготвеност за спроведување на засилените реформи и продлабочената соработка во делот на исполнување на обврските во енергетскиот сектор.
На состанокот е дискутирано и за престојниот Самит во јули во Париз, со акцент на спроведување на меките мерки од земјите во регионот.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
