Средба на министерот Адеми со иранскиот амбасадор Карими
Министерот за култура Асаф Адеми денеска во својот кабинет имаше средба со амбасадорот на Иран Хусеин Карими на која искажале задоволство од можноста да се унапреди односот во културата врз основа на Спогодбата потпишана помеѓу владите на двете земји во 2016 година.
Како што соопшти Министерството за култура, тие се согласиле дека имаат добра основа за конкретна соработка помеѓу институциите и уметниците на двете земји, зашто во Техеран пред две години е потпишана Програма за имплементација на културната и уметничката соработка помеѓу министерствата на Република Македонија и Исламската Република Иран за период до 2021 година.
- На средбата беше разговарано за размена на уметници од двете земји, како и за можноста за реализација на Денови на иранскот филм во земјава и на Денови на мекедонскиот филм во Иран, наведува Министерството во соопштението.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни пет, изгаснати 19 пожари
-
Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот
-
Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина
-
Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега
-
Палмер по триумфот на Челзи на Светското клупско првенство: Сите се сомневаа во нас
-
Сончево и топло, до 39 степени
-
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути