Средба на министерката Петровска со српскиот министер за одбрана Вучевиќ
Министерката за одбрана на Република Северна Македонија Славјанка Петровска денеска го пречека на работна средба потпретседателот на Владата и министер за одбрана на Република Србија, Милош Вучевиќ, кој е во работна посета на Република Северна Македонија.
За време на средбата беше разговарано за унапредување на соработката во доменот на одбраната, како и за учеството на земјите во регионалните иницијативи како платформи за зајакнување на регионалната стабилност и безбедност.
Министерката Петровска истакна дека одржување на стабилноста во регионот е од приоритетно значење кое се постигнува со отворен дијалог и добрососедски односи, а дека активното учество во регионалните иницијативи за соработка придонесуваат за градење на меѓусебна доверба и разбирање. Петровска додаде дека целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија суштински ќе придонесе за зајакнување на стабилноста и ќе ја зголеми соработката во регионот.
На состанокот, Петровска и Вучевиќ се согласија дека регионалните иницијативи во кои учествуваат Србија и Северна Македонија - иницијативата СЕДМ, Балканските медицински сили, иницијативата Б-9 на началниците на Генералштаб и Центарот за безбедносна соработка – РАКВИАК, се од заеднички интерес за земјите и ја унапредуваат билатералната соработка.
Ново на Сител
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал