Средба на министерката Арсовска Томовска со новиот француски амбасадор Кристијан Тимоние

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние.
Како што соопшти прес-службата на Министерството, средбата беше посветена на меѓусебно запознавање и разгледување на можностите за продолжување на билатералната соработка.
- Министерката го запозна францускиот амбасадор со проектите и активностите кои ги спроведува Министерството во однос на реформите на јавната администрација и развојот на информатичкото општество во Република Македонија. Притоа, Арсовска Томовска изрази благодарност за досегашната соработка со Француската амбасада поврзана со успешно реализираните проекти, а амбасадорот од своја страна изрази подготвеност за продолжување на таквата соработка и во иднина.
Амбасадорот Кристијан Тимоние е дипломат од кариера и дојде на местото на досегашната амбасадорка Лоренс Оер.
Ново на Сител
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
-

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум поради загриженост од операции на САД
-

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија
