Средба на кинескиот премиер Ли Чијанг со Путин во Москва

Кинескиот премиер Ли Чијанг вчера се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, објави денеска државната новинска агенција Синхуа.
Ли Чијанг пред Путин истакнал дека решеноста и позицијата на Кина за развој на заемно корисна соработка со Русија се секогаш доследни.
Кинескиот премиер на рускиот претседател му пренесе срдечни поздрави и најдобри желби од неговиот кинески колега, претседателот Си Џинпинг. Тој нагласи дека под стратешкото водство на двајцата државни лидери, сеопфатното стратешко партнерство и координацијата меѓу Кина и Русија во новата ера се на високо ниво, пренесува Синхуа.
-Од почетокот на оваа година, претседателите Си и Путин се сретнаа двапати, посочувајќи ја насоката за натамошен развој на односите меѓу Кина и Русија, додаде Ли.
Исто така вчера, кинескиот премиер се сретна и со својот руски колега Михаил Мишустин. Ли Чијанг изјави дека Пекинг е подготвен да ја продлабочи соработката со Русија во областа на енергетиката, земјоделството и инвестициите во други сфери.
Пекинг и Москва објавија „безгранично стратешко партнерство“ само неколку дена пред руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.
Во изминатата деценија, Си Џинпинг и Владимир Путин се сретнале над 40 пати.
МИА
Ново на Сител
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
