-->
-->
Средба на Иванов со амбасадори на земји членки на ЕУ
-->
Претседателот Ѓорге Иванов денеска имаше средба со амбасадорите на земјите членки на Европската унија во Република Македонија, на која беа разменети мислења и информации за политичката криза.
- Претседателот Иванов ги запозна амбасадорите со мотивите и целта која сака да ја постигне со одлуката за помилување – ослободување од гонење, без спроведување на постапка, како и со контекстот и сите аспекти поради кои е донесена одлуката. Амбасадорите ги изнесоа позициите и загриженоста на државите кои ги претставуваат во врска со одлуката и политичката криза. На средбата беа разгледани и состојбите со мигрантската и безбедносната криза, како и предизвиците кои од нив произлегуваат, информира Кабинетот на Претседателот на Република Макеоднија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред