Средба на Џафери со амбасадорката на ОБСЕ во Република Македонија, Нина Соумалаинен

Министерот за правда Валдет Џафери денеска оствари средба со амбасадорката на ОБСЕ во Република Македонија, Нина Соумалаинен.
Како што соопштија од Министерството, Џафери и амбасадорката Соумалаинен дискутирале за политичката состојба во Македонија, а се разговарало и за измените на Законот за кривичната постапка и за Кривичниот законик, за Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Законот за обвинителството и Законот за клевета и навреда.
- Дел од овој разговор беа и законите кои се како резултат од извештаите на Прибе, итните реформи и Венецијанската комисија, се истакнува во соопштението.
Министерот Џафери и се заблагодарил на амбасадорката Соумалаинен за посетата и изразил подготвеност за соработка во однос на разрешување на проблемите во рамки на надлежностите на Министерството за правда.
Ново на Сител
-

Граѓаните од струмичко од понеделник можат да поднесуваат барања за проценка на штетата направена поради поплавите
-

Ѓоковиќ донесе одлука – нема да се појави на терен
-

Од утре „Сејф сити“ почнува да казнува, МВР со апел да се почитуваат правилата
-

Од 1 февруари почнува сезоната за спортски риболов на водите во НП „Маврово“
-

Приведени двајца турски државјани поради криумчарење мигранти
-

Данска го совлада Исланд за финале против Германија
-

Министерството за правда на САД објави нови досиеја за Епстин, вклучувајќи 3 милиони документи и слики
-

Најмалку 12 Палестинци загинаа во израелски напади во Газа
