Свет
20. April 2017 - 16:54

Средба на Де Мистура со Гатилов, но без присуство на САД

Посредникот на Обединети нации за Сирија, Стафан де Мистура наведе денеска дека в понеделник во Женева ќе се сретне со рускиот заменик министер за надворешни работи Генадиј Гатилов.

САД, засега, одбија да учествуваат на претстојниот состанок. 

- Трилатералниот состанок, како што знаете, претставуваше можност, но се одлага. Нема да се случи в понеделник, ќе биде одржан билатерален состанок. Но, трилатералниот состанок не е исклучен, само е одложен, нагласи Де Мистура. 

На прашањето дали администрацијата на САД покажува волја за да учествува, Де Мистура одговори дека постои јасна намера за да продолжат трилатералните разговори, но оти условите не дозволуваат тоа да се случи в понеделник. 

 - Сите страни покажаа подготвеност на конвоите што превезуваат помош да им биде дозволено да стигнат до градот Дума, а подоцна и во другите градови во источна Гута, провинција во близина на Дамаск, изјави советникот на ОН, Јан Егеленад.