Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски денеска се сретна со заменик-амбасадорот на Русија во Македонија Константин Берсенев и со Михаил Лушин, аташе во Руската амбасада одговорен за млади, спорт и наука.
На средбата, како што соопшти Агенцијата за млади и спорт, се разговарало за можноста за директна помош на младите во Македонија преку стипендии за додипломски и мастер студии, поддржани од Амбасадата на Русија во Македонија.
- Агенцијата за млади и спорт става приоритет на младите и секоја помош која е во насока на стимулирање на младиот човек да го продолжи образованието, да стекне вештини за полесен излез на пазарот на трудот ќе биде добродојдена, потенцирал Каевски.
Заменик-амбасадорот Берсенев, како што се наведува, упатил покана до Агенцијата за млади и спорт за учество на Светскиот фестивал за млади и студенти, кој ќе се одржи во октомври во Москва, каде ќе се споделуваат искуства за успешни младински политики.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
