Средба Иванов - Борисов

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, на средбата претседателот Иванов и премиерот Борисов разговараа за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, како и за волјата и ангажираноста на сите што во изминатиот период беа вклучени во напорите за негово усогласување.
- Со овој чин се потврдува политичката волја и заложба на двете држави за преземањето натамошни чекори кон градење меѓусебна доверба и надминување на отворените прашања, посочил македонскиот претседател на средбата.
Претседателот Иванов, истакна дека како и досега, така и во иднина ќе се залага за континуирано унапредување на добрососедските односи.
- Неопходно е заеднички да се соочуваме со предизвиците, во исто време бранејќи ги своите национални интереси. Токму затоа сметам дека ниту еден меѓудржавен договор не смее да биде на штета на сопствените државни и национални интереси. Постојано ја нагласувам потребата од решавање на спорните прашања на мирен начин и преку искрен и отворен политички дијалог, во согласност со меѓународното право и добрососедските односи со цел да се постигнат праведни и фер решенија врз основа на принципите на заемно почитување и поддршка и воздржување од мешање во внатрешните работи на државите, порачал Иванов.
На средбата, претседателот Иванов ја реафирмирал целосната посветеност на земјата на европската и евроатлантската интеграција и истакнал дека Република Македонија очекува отворена поддршка од Република Бугарија за почеток на пристапни преговори за членство во ЕУ, како и поддршка во однос на приемот на Република Македонија во НАТО.
- Претседателот Иванов изрази очекување за интензивирање на политичкиот дијалог меѓу двете земји и скора средба со бугарскиот претседател, Румен Радев, посочувајќи дека посетите на највисоко ниво, претставуваат дополнителен импулс во градењето на меѓусебната доверба и добрососедските односи, стои во соопштението.
Во контекст на потребата од засилена регионална соработка, претседателот Иванов и премиерот Борисов разговарале за предизвиците кои произлегуваат од мигрантската криза и нејзиниот безбедносен аспект, при што македонскиот претседател ја истакнал потребата за натамошно продлабочување и интензивирање на соработката меѓу разузнавачките служби, меѓуармиската соработка и соработката во борбата против организираниот криминал и тероризмот.
Двајцата соговорници изразија подготвеност за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи меѓу двете земји, особено истакнувајќи ја потребата за подобрување на економската соработка и реализирање на започнатите инфраструктурни проекти во регионот, се посочува во соопштението.
Ново на Сител
-

Запален автомобилот кој го користел градоначалникот на Шутка
-

Царината поднесе кривични пријави против 9 лица: Дозволиле увоз на „Мерцедес-Мајбах“ со фалсификувани документи
-

Израел тврди дека го убиле Али Лариџани, иранскиот шеф за безбедност и „водач од сенка“
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

СДСМ ќе поднесе закони за намалување на данокот и акцизата на нафтените деривати и ДДВ за храната
-

ДУИ: Владата да донесе итни мерки
-

Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, затоа е исклучен од партијата
-

Штрајк со глад пред ПС Свети Николе поради исчезнатата сопруга
